CD-a

Сите CD-а се достапни на eBay ® и Amazon.com, Pranic Healing Интернет страниците ширум светот или во консултација со најблискиот центар за Лекување со Прана.


Meditation on Twing Hearts with Self Healing Cd

МЕДИТАЦИЈА НА СРЦАТА БЛИЗНАЦИ

Со само-лекување

При редовна практика некои од придобивките се зголемена ментална јасност, зголемување на енергетските способности и зголемување на интелигенцијата - значителни предности за секоја професија.
Како додаток, Мастер Чоа Кок Суи ја води електрично виолетовата светлина - божествена енергија низ примарните физички органи и различни системи во телото за да се здобијат со Духовна сила која дава живот.




Meditation on Twin Hearts with Psychological Self Healing Cd

МЕДИТАЦИЈА НА СРЦАТА БЛИЗНАЦИ

Со Психолошко само-лекување

Исто така наречена Техника на просветлување, многу моќна медитација која ја прочистува и енергизира вашата аура. Силна аура обезбедува огромно количество на енергија, неопходна на секој исцелител.
При редовна практика некои од придобивките се зголемена ментална јасност, зголемување на енергетските способности и зголемување на интелигенцијата - значителни предности за секоја професија.
Како додаток, Мастер Чоа Кок Суи ја води електрично виолетовата светлина - божествена енергија низ примарните енергетски центри, со цел прочистување и дезинтегрирање на стресот, фобиите, депресијата и други енергетски вибрации.


Meditation on the Soul

МЕДИТАЦИЈА НА ДУШАТА

Оваа медитација претставува синтеза на неколку техники кои овозможуваат само-реализација или единство на инкарнираната душа со Севишната душа.
Може да доведе до значителен напредок во вашиот духовен живот.




Om, The Divine Sound

ОМ, БОЖЕСТВЕНИОТ ЗВУК

ОМ, е универзален звук сличен на АУМ или АМИН. Неговата цел е да ја поврзе индивидуалната свест со Божествената свест.
Моќната енергија која се емитира од снимката може да се користи за дезсинтеграција на заболени или негативни енергии кај медитаторот, како и во околината.
Чисти, енергизира, отстранува стрес, ја подига свеста и создава чисто, спокојно и духовно опкружување.




Om Shanti, Mantra for Peace Cd

ОМ ШАНТИ, МАНТРА ЗА МИР

Оваа високо енергизирана света мантра има за цел да поттикне длабока состојба на опуштеност, да создаде чувство на смиреност и духовна добросостојба, да ослободи, подигне и инспирира во текот на медитацијата.
При третирањето со Лекување со Прана потпомага во примањето на исцелувачките енергии од Прана исцелителот и опкружувањето.




ARHATIC DHYAN MEDITATION CD

АРХАТИК ДИЈАН МЕДИТАЦИЈА

Архатик Дијан (Медитација на Внатрешниот Здив) е Архатик Јога Кундалини медитација, основна Архатик Јога медитација.
Медитацијата е фокусирана на техники на циркулација на енергијата кои ги чистат, енергизираат и балансираат енергетските центри и аурата, што резултира со прочистување на енергетските тела, безбедно будење на Светиот оган или Кундалини, а и развивање на внатрешната свест и проширување на свеста.

Архатик Јога е јога на 21-от век. Зборот АРХАТИК доаѓа од зборот АРХАТ што означува високо интегрирано човечко битие кое поседува високо развиена интуиција, напредни ментално моќи, исклучително рафинирани емоции, вклучено во Божествениот план со огромен придонес. Мастер чоа кок Суи има за цел да ги развива овие свети цели.

Пристапот на Мастер Чоа Кок Суи ги интегрира древните и современите јога системи и прави синтеза во една универзална форма која и одговара на секоја култура, религија и професија.




Arhatic Yoga Kundalini Meditation

АРХАТИК ЈОГА КУНДАЛИНИ МЕДИТАЦИЈА

Архатик Јога Кундалини Медитацијата, исто така наречена Медитација на внатрешниот здив е фокусирана на техники на циркулација на енергијата кои ги чистат, енергизираат и балансираат енергетските центри и аурата, што резултира со прочистување на енергетските тела, безбедно будење на Светиот оган или Кундалини, развивање на внатрешната свест и проширување на свеста.




Universal and Kabbalistic Meditation on the Lords's Prayer Cd

УНИВЕРЗАЛНА И КАБАЛИСТИЧНА МЕДИТАЦИЈА НА ОЧЕ НАШ

Универзална духовна медитација. Суштината е базирана на корелација на "Оче наш" со 11-те примарни енергетски центри и 11-те Сефири од Кабалата.
Медитацијата овозможува пристап до премините во внатрешните хоризонти и доведува Божествена енергија потребна за градење на карактерот, развивање на енергетските центри и трансформација на пониската природа, со цел подготовка за единство со Севишната душа.
Се користи заедно со "обоените" дискови во книгата.





клик до горе
     е-пошта: office@pranichealing-mkd.com    © 2007 PranicHealing-MKD.com