Кои сме ние
Ние сме луѓе кои го сакаат, ценат и негуваат човештвото. Тим со знаење кое е неопходно да се подели и да им се даде на оние кои имаат потреба. Тука сме да помогнеме и да обезбедиме основа за суштинска промена на нашето постоење.
Сите ние се уште еволуираме и треба да станеме свесни за тој факт. Повторното откривање на нашата вистинска природа и можностите кои ги имаме, прават разлика. Се менува нашиот начин на размислување, чувствување, однесување. Се менува нашиот живот.
Ние сме тука поради луѓето и за нив.
Да ги слушнеме, лекуваме, учиме и да ги насочуваме во текот на нивниот развој.
Љубовта е храна со која расте Вашата душа.
Кога љубите длабоко, станувате Едно со Вашите сакани и Едно со се.
- Мастер Чоа Кок Суи
 |